Снаата и внуката ме оговараа, ги слушнав и излегов од кај нив плачејќи

0

Пред некој ден читав на вашиот портал како се жали снаата од свеква и’. Епа Галама и јас имам нешто да кажам. Не ја обвинувам жената ниту ја правдам, секој дома си знае како му е. Сите знаете да кажете дека свекрвата е крива за се’. А кога ќе го слушнете ова, сигурно ќе се згрозите и ќе видите дека не се сите свекрви лоши, туку има и лоши снаи.

Епа имам два сина, ги оженив и никогаш не им се мешав во изборот. Сами си ги одбраа женичките. Јас се трудев да им помагам колку можев, ама кога се родија внучињата јас уште одев на работа па не можев многу да им се најдам. Знам дека за тоа ми замеруваа многу, ама што да правам, и јас носам душа, бев уморна после работа.

Па еднаш дури како на шега-на смеа ми рекоа снаите дека сум била книговодителка а не сум копала по ниви, сум можела да им помагам околу чувањето деца. Оваа зајадлива навреда никогаш нема да им ја заборавам. Ама ни јас не им останав покусо, уште на почетокот им реков, кој си раѓал, тој ќе си чува.

Па малку ли е што финансиски ги помагаме де за градинка, де за курс некаков. Па сеа денешниве деца одат на јазици, на компјутери, на тенис, на аикидо, на балет, на виолина… како ли стасуваат секаде, нека се здрави и живи. Ете, тоа накусо мислам дека е ТОА за што ми се лутат снаите.

АМА НЕМААТ АПСОЛУТНО НИКАКВО ПРАВО ДА ГИ ВРТАТ ВНУЦИТЕ ПРОТИВ МЕНЕ!!! Така еден ден, јас бев качена на тераса да ги прегледам цвеќињата, кога долу беа снаа ми и 17 годишната внука. Со свои уши слушнав како малава и вика на снаа ми: Што дошла пак оваа, многу е досадна! А на тоа снаа ми место да и се развика, и рече: Знам душо, мора да ја истрпиме поради тато, и мене ми се повраќа кога ќе ја видам! Зоврев! Сакав да им се развикам на двете бесрамници, како не се засрамат, мивки едни, не ми се ни до колениците по домаќинлук!

Се прибрав малку, ги обув чевлите, си ја зедов чантата и излегов. На идење ги плукнав и им реков- јазк! Засрамете се! И им ја треснав надворешната врата. Улицата беше долга за одење а мене ми навреа солзи, осетив тага голема ко некој да ми умрел. И така си поплакав по патот. Ееее мили мои, и тоа го дочекав на моиве 74 години да го доживеам!

Претходна статијаНајемотивната сцена на „Ѕвездите на Гранд“: Карлеуша плачеше заедно со натпреварувачката
Следна статијаГолема среќа за неколку хороскопски знаци: Дневен хороскоп за петок