Сите ја знаеме како русокоса: Еве како изгледа Лепа Брена со црна коса

0

Лепа Брена сите ја знаеме како русокоса и таква е веќе години наназад, сепак како помлада, на почетокот од кариерата пејачката експериментирала не само со бојата на косата туку и со фризурата.

Имено, на еден Инстаграм профил е објавена фотографија од Лепа Брена од 90-тите година на која е со црна кратка коса.

Сликата е направена во 1990 година, а нема сомневање дека на многумина им се допадна, со оглед на тоа колку многу лајкови собра.

Познато е дека вистинското име на Лепа Брена е Фахрета Јахиќ, а она што малкумина го знаат е тоа како Брена го добила прекарот.

Пејачката откри дека прекарот Брена го добила уште во средно училиште во 1975. година на кошаркарски терен.

– Во тој период почнав активно да тренирам кошарка. На кошеркарскиот терен го добив и мојот денешен прекар Брена. Прекарот ми го даде мојот тогашен кошаркарски тренер, Влада Бајер. Додека шутирав на кошот, тој ми довикна: „Ајде сега, Брено!“ Во Босна тоа беше синоним за убава девојка. Отсекогаш сакав да се истакнувам, да се изборам за своето место под сонцето. Бев како шило! Затоа и се најдов под кошот, со топката во раце.

Тука дојде и мојата смисла за реалноста. Сфатив дека не сум доволно талентирана за кошарка и дека секогаш ќе има подобри од мене, кои нема да ги достигнам. Кога подоцна Саша Поповиќ ме праша дали имам некој прекар, се сетив на таа случка, и така станав Брена. За време на гимназиските денови почнав да пеам по игранки. Конечно сфатив дека сцената е мојот терен, раскажа пејачката.

Милован Илиќ Минимакс се погрижил на брена во 1981. да и биде додадено Лепа, со тоа што веројатно не знаел дека направил уметничко име чие буквално значење било „ Убава убава девојка“.

– Ако на почетокот на својата кариера знаев дека ќе достигнам волкава популарност, ќе учествував во осмислувањето на својот прекар, изјави Брена неодамна.

Претходна статијаЈелена Карлеуша: Цеца без Марина Tуцакович и Мили е никој и ништо
Следна статијаКралица, Принцеза и Царица: Жените родени во овие хороскопски знаци се најдобрите сопруги