Сергеј Варошлија распали и по Јелена Спенџарска – Ова лице не може ништо да продаде

0

„Студио мода“ или подобро речено „студио модна незгода“… Така барем го доживуваат македонскиот „фешн гуру“ Сергеј Варошлија сите оние кои на 1ТВ ја почувствувале острицата на неговиот „моден меч“, преку неговиот остар јазик.

Сергеј навистина е „без влакна на јазикот“ во своите коментари при делењето модни оценки, особено за непознатите или помалку познатите личности, додека јавните фаци малку повеќе ги штеди или обратно – не го ни вади мечот, фалејќи ги на полна уста. Секако Оние кои се „во љубов со него“ или неговата екипа од телевизијата, додека оние со кои тој или неговите се гледаат „преку нишан“, не се штеди модно да ги „отстрела“ од прва!

Денес на тапет на Сергеј Варошлија “Студио мода”, беше водителката на една од најгледаните утрински емисии, Јелена Спенџарска.

Беровчанката која е особено активна на социјалните мрежи, се соочи со низа критики.

Во последно време, македонските водителки, освен што работат за плата во своите матични куќи, одлучија својата популарност да ја “уновчат” рекламирајќи разни производи на социјалните мрежи.

Па така, се сликаат во пижами, држат во раце шминки, лакови за нокти, јадат колачи и пици и притоа го потенцираат ресторанот, пијат алкохолни и безалкохолни пијалоци, носат брендирана облека и неретко им висат етикети и.т.н. Впрочем, ова е светски тренд, но во светот сето тоа се прави на посуптилен и попрефинет начин.

Спенџарска од Сергеј беше почестена со коментарот: “Ова лице не може ништо да продаде”, “си се настегала во сукњиче, ала вреќа за ѓубре”, и уште некои епитети кои алудираа на тоа дека Јелена не ја бива за овој вид на маркетинг.

Претходна статијаБидете подготвени, доаѓа вистинска зима: Температурите паѓаат, а на овие места ќе врне и снег
Следна статијаИсповед на нашинец од Швајцарија – За жал, Македонците најчесто го работат тешките физички работи