Од утре (сабота) па во текот на следните денови територијата на Македонија ќе се наоѓа под влијание на серија на влажни воздушни бранови кој ќе бидат предизвикани од зимскиот циклон Невен, ова ќе услови врнежи и од дожд и од снег како и снежна покривка, информира метеорологот Славчо Попоски.
Во текот на утрешната вечер како и во текот на ноќта кон недела ќе има повремени врнежи од дожд додека на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег со што ќе се формира снежна покривка, таму кај што веќе истата ја има ќе се зголемува.
Снежната граница има услови да се спушти до околу или малку под 1000 м.н.в.
Потоа во недела ќе имаме претежно суво време додека во текот на ноќта кон понеделник ќе има нови врнежи од дожд и снег на повисоките места и на планините каде снежната покривка ќе се зголемува, врнежите ќе продолжт и во понеделник но со тоа што услови за послаби врнежи од снег ќе има и на некои од пониските места, провејување на слаб локален снег ќе има и во вторник додека температурите значително ќе се спуштаат и минималките ќе се движат во интервалот од -9 до 0 додека максималните ќе се искачуваат во интервалот пд -2 до 7 степени.
Одсега гледано нов влажен бран циклонот НЕВЕН треба да донесе во четврток и овој пат овој циклон треба да услови врнежи претежно од снег и на пониските места.
Исто така овој циклон ќе донесе снежна покривка на повисоките места и на планините од над 20 цм, на некои места и над 30 цм а на високите планини и повеќе.