Турската актерка Бергузар Корел која сите ја познаваат како Шехерезад или моментално како Азизе од серијата „Далеку од дома“, неодамна присуствуваше на „Istanbul Modern Gala“ 2018 каде ги освои сите во гламурозно издание во тоалета од турскиот дизајнер Озгур Масур.
Турската актерка Бергузар Корел, која е мажена за својот колега Халит Ергенч, инаку главен актер во серијата „Сулејман Величествени“, вели дека тој е величествен и по дома.
Бергузар и Халит се запознале на снимањето на серијата „1001 ноќ“, а се венчале во 2009 година и веќе наредната година го добиле синот Али.
Убавата актерка во интервју за „Cafe24“ открила дека со сопругот ги дели обврските околу детето и куќата.
– Се работиме заедно и сме вистински тим – кажала таа.
Актерката веќе некое време е со променет имиџ бидејќи ја скрати долгата коса по која беше препознатлива. Сепак, што и на направи на себе, таа изгледа перфектно.
Долгата коса веќе неколку години е нејзиниот заштитен знак, но сега таа реши да се ослободи од неа.
Имено, таа на својот Инстаграм профил објави една фотографија на која е насмеана од уво до уво, а блеска со својата куса фризура која одлучно и прилега и ја прави помлада.
Доколку не сте знаеле, Бергузар исто така е дарена од Бога и со прекрасен глас. Таа пее одлично, па дури има издадено и албум во џез стил.
Слушнете како пееше на неодамнешната Гала.