Поранешниот претседател на Иран сега чува овци – сопругата му е хигиеничарка

0

Поранешниот претседател на Иран, Махмуд Ахмадинеџад, и во времето на своето владеење важеше за еден од најскромните претседатели во светот.

Додека тој седел во претседателската фотелја, неговата сопруга работела како хигиеничарка, тој на работа одел со автобус, а денес кога не е претседател, работи како професор и живее од платата од Универзитетот. Уште во времето на владеењето ги тргнал сите луксузни оредмети од кабинетот и ги заменил со поскромни, а живеел и во стара куќа.

Во интервју за американската телевизија „Фокс Њуз“, тој вели дека секогаш кога ќе се погледне во огледало си вели само едно: „Запомни, ти не си ништо повеќе од обичен слуга”.

Претседателот секој ден на работа носел постара торба во која бил спакуван појадокот што му го подготвувала сопругата, помагал на хигиеничарите на улица, а дома спиел на ќебе наместо во кревет.

Во текот на неговиот мандат, секој нов министер морал да потпише документ дека ќе остане сиромашен, дека нема да се богати на сметка на државата и дека неговите сметки и сметките на неговите роднини ќе бидат редовно проверувани.

Денес тој освен што работи како професор, чува и овци и така се релаксира и заработува за живот.

Претходна статијаИсповед на нашинец од Швајцарија – За жал, Македонците најчесто го работат тешките физички работи
Следна статијаОва е ваша година: Хороскопски знаци за кои 2019 година ќе биде успешна на сите полиња