Подгответе се добро: Ни претстои уште постудена ноќ

Во текот на претстојната ноќ температурите уште повеќе ќе опаѓаат и тоа поради претежно ведрото време, до утре изутрина температурите ќе се спуштат во интервалот од -7 до 1 степен додека на планинските места истите ќе се спуштат до околу па и под -10 степени.

Поради ваквата ситуација на граѓаните кој планираат да излегуваат со себе задолжително да си понесат топла облека, односно шал и капа со што добро да се заштитат од студеното време и од ниските температури на воздухот кој се очекуваат во текот на оваа ноќ и утре изутрина.

loading...

Во Скопје, претпладне ќе има појава на слаба магла, а кон крајот на ќе има услови за слаб локален дожд. Дневната максимална температура ќе достигне до 8 степени.

Утре во раните утрински часови сè уште ќе има слаби локални врнежи, а во текот на денот ќе биде променливо облачно и студено со засилен северен ветер. Потоа во наредните два дена времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури, а за викендот се очекува нов влажен бран.

loading...