Овој обичај е многу важен за домаќините – Што се прави со свеќата по слава

0

Доаѓаат многу слави, а најголемата од сите е Свети Никола која ја чествуваме идната недела, а е најчеста македонска слава.

Како таткото ја пренесува славата на совите синови? Доколку синовите живеат со таткото во една куќа, тогаш сите заедо ќе ја слават славата. Меѓутоа, кога некој од синовите основа свое смејство, ќе се ожени или повеќе не живее со таткото, тој веднаш треба да почне во својот нов дом да ја слави домашната слава.

Неколку дена пред славата во домот во кој се слави, започнуваат подготовките, за славата да биде посвечена и подостојно да се дочека. Куќата се подготвува, се чисти и средува. Домашните, поготово на децата им се купува нешто ново кое ќе го носат на денот на славата. Во куќата владее свеќена атмосфера и ведро и духовно расположение и радост.

Пред славата попот доаѓа во вашиот дом и осветува вода. За време на обредот пожелно е да присуствуваат сите домашни па поради тоа доаѓа службеник од црквата за да ви го најави доаѓањето на попот.

Што се прави со свеќата по славата?

Откако ќе заврши домашната слава свеќата се чува преку целата година за здравје, среќа и берикет во домот.

Свеќата која се пали кога во домот се празнува некој светец, треба да ја запали домаќинот и доколку свеќата веднаш се запали, тоа е добар знак, но ако се изгаси сама од себе, тоа е лош знак за домаќинот и неговиот дом.

Според тоа како се пали свеќата, како гори и како се гаси, некои ја предвидуваат судбината на куќата и домашните.

Некои луѓе дури веруваат дека претскажува смрт во домот.

Не е добро ниту кога свеќата солзи и не гори добро, туку постојано капе. Кога свеќата постојано се криви или крши, тоа е лош знак за домашните.

По завршување на славата свеќата се гаси со вио, па според некои верувања доколку чадот оди директно нагоре тоа е добар знак, но ако се шири низ домот ќе донесе болест во домот или кај добитокот.

Претходна статијаТаjна која се крие 30 години: Вистината ја знаат само Лепа Брена и Неда Украден
Следна статијаПоследниот што ќе замине, нека го изгаси светлото, зошто бегаме во други земји