Ова е вистински херој: Штом слушнал за несреќата во Ниш, веднаш тргнал кон својата ќерка која била во автобусот

Татко, кој слушнал за несреќата кај преминот во Ниш, вели дека веднаш тргнал по својата ќерка на местото на настанот.

-Ми се јави мојата 17-годишна ќерка која беше во автобусот. Кога се појавив таму беше страшно. Сите бараа помош, сите беа беспомошни. Малите деца плачеа, не можеа да дишат, се гушеа во солзи – раскажува потресениот родители Милан Лазиќ од Нови Сад.

Ситуацијата која ја затекнал била страшна. Ги познавал децата кои во тој момент биле таму, па така набрзо ги повикал и нивните родители. Пота раскажал дека ја земал својата ќерка и уште едно девојче и ги однел до Клиничкиот центар.

-Ја земав ќерка ми и уште едно девојче кое имаше скршени ребра и ги однесов вдо Клиничкиот центар. Тоа девојче имаше нагмечување на црниот дроб и скршени ребра. Мојата ќерка имаше отечен капак, кој беше искинат, на него сега има четири конци и не гледа во моментов на тоа око – вели Милан Лазиќ.

Иако со сериозни повреди, раните ќе зараснат, но таа среќа за жал некои нивни врсници не ја имале.