Нема никакво неверство ни развод – Јелена Карлеуша доби поклон вреден 2,5 милиони евра од својот сопруг Душко

0

Српскаta пејачка Јелена Карлеуша се пофали дека од сопругот фудбалер Душко Тошиќ добила вила во Белград вредна 2,5 милиони евра.

Драган Стојковиќ Пикси се враќа во Београд бидејќи прифати да биде селектор на репрезентацијата на Србија, ама наместо во вилата на Дедиње ќе живее во станот на Дорчула. Куќата каде тој и сопругата Снежана живееа сега е во власништво на Јелена Карлеуша бидејќи нејзиниот сопруг Душко Тошиќ ја купи од Пикси за неверојатни 2, 5 милиони евра и ја преведе на нејзино име.

„Куќата се наоѓа во отмен и богат дел на Дедиње, пространа е и добро сокриена од крошните на дрвјата. На Карлеуша посебно и се допаѓа што куќата е пространа што има приватност и голем двор за децата. Во вилата има четири купатила, па секој ќе има свое. Зад куќата ќе биде изграден базен. -изјави извор за магазинот “Свет“

„Сите ќе бидете повикани на забава која ќе ја правам по повод вселувањето. Сеуште не е се завршено бидејќи во овие климатски услови куќата не може да се реновира ама во март се надевам ќе се вселиме“.-вели Јелена .

Популарната Џеј Кеј редовно истакнува дека има убав и успешен маж, сега се пофали и со неговата дарежливост.

-Купивме убава куќа: наскоро ќе се преселиме во неа, ја средуваме, треба да ни стигне мебелот од странство. Јас сум му многу благодарна на сопругот Душко, бидејќи се што некогаш сум заработила сум го потрошила на „крпи“, семејството, пријателите и сум го вложила во кариерата. Да е до мене, ние би живееле во еден голем гардеробер би продавале чевли и би ги палеле чевлите во некое каминче да се грееме., раскажала низ шега Јелена Карлеуша.

Русокосата пејачка вели дека сопругот Душко паметно ги вложува парите во недвижнини, тој е задолжен нашето семејство да живее убаво.

Ова доаѓа во момент кога според написите на турските медиуми, актерката Асли Енвер му била љубовница на фудбалерот Душко Тошиќ, сопругот на Јелена Карлеуша, во периодот додека тој играше за турскиот ФК Бешикташ.

Глумицата Асли Енвер му била љубовница на фудбалерот Душко Тошиќ, сопругот на Јелена Карлеуша, тврдат турските медиуми, а веста ја пренесе порталот „Дневник.хр“.

Наводно, аферата се случила лани, додека Душко играл за „Бешикташ“. Според турските медиуми, Душко неодамна бил во Истанбул и повторно се сретнал со Асли.

Познатата турска актерка Асли Енвер, беше видена од страна на турските новинари како излегува од еден ресторан во Истанбул, па не ја пропуштија шансата да и постават неколку прашања во врска со шпекулациите за неа и фудбалерот Душко Тошиќ.

Во Србија испаднаа вести дека имате нешто тајно со Душко Тошиќ. Што велите на тоа?, праша новинарот.

-Навистина не знам што да ви кажам за тоа, него не го ни познавам, се случува да се пишуваат такви вести, изјави Асли.

Но знаеме дека сте голем фан на Бешикташ, што помисливте кога ја видовте оваа вест?

-Да сум навивач, Многу ми е смешна таа вест, завршува убавата актерка во врска со шпекулациите.
Асли во Турција е позната по улогата во серијата „Истанбулската невеста“. Таа е во врска со музичарот Мурат Боза.

Јелена и Душко, пак, засега не ги коментираат јавно пишувањата на турските медиуми.

Претходна статијаПромена на цената на горивата – се очекува ново поефтинување на бензините
Следна статијаФОТО: Оваа лузна вечно ќе го потсетува на кобниот ден – Дарко Лазиќ и ги загрижи фановите