На 18-годишната Ивана и е потребна нашата помош: Судбината си поиграла – за шест години го изгубила видот

0

Осумнаесет годишната Ивана Атанасовска од Скопје до 12 –тата година немала никаков проблем со видот. Последните шест години видот и оштетен 99%, а губењето настанало за само 15-тина дена.

„Прво ми беа матни буквите, малку матни, па почна мама да ми чита со учење, па уште поматни, па уште поматни, скоро ништо не гледав, кажав дома. Отидовме на лекар ми дадоа наочари“, вели Ивана Атанасовска.

Родителите откако ја однеле на Детската клиника побарале да се направи магнетна резонанца. Но, го добиле следниот одгвор:

„Ми рекоа дека нема потреба детето е здраво, од сонце, од ветер, од промаја од тоа e. Јас им поверував на нив и беше се полошо и полошо“, вели Дејан Атанасовски – татко на Ивана.

Кривење на уста, главоболки, спиење , замор, заборавање биле симптомите кои ги чувствувала Ивана.

„Направивме магнетна резонанца, најдоа вода во глава, уште не е докажано од каде. Хидроцефулус се добива од удар, од воспаление на мозок, таа немала ништо такво“, додава таткото на Ивана.

ИВАНА АТАНАСОВСКА

СМЕТКА ЗА ДОНАЦИИ

210-7000006219-06

ТУТУНСКА БАНКА

143434 T-mobile

143488 VIP

Целата сторија проследете ја на 1тв.мк

Претходна статијаСи мислев дека сопругот е со згодна колешка, но кога ја дознав вистината не можев да си дојдам при себе со денови
Следна статијаСветска временска прогноза за 2019 година – нема да е добро