Многу Македонци може да останат без бугарски патни исправи – Започна одземањето на нелегално стекнати пасоши

0

Македонците биле привилегирани во процесот на добивање бугарски пасош. Ова го посочува бугарска национална телевизија, повикувајќи се на изјавата на сведоци во истрагата за скандалот со нелегално издавање на бугарски пасоши.

Според зборови на тој сведок, околу 100 посредници биле ангажирање во собрањето на докумнети, обезбедување на фиктивни адреси на живеее и посредување во институции.

Македонците биле привилегирани, бидејќи плаќале по 1000 евра за бугарски докумнети, додека за Косовските граѓани цената била и до 5 000 евра.

-Лесно може да станете Бугарин, ако се вработите или основате фирма во Бугарија. Врз основа на трговските закони се добива статус со постојан престој. Друг начин е кога странски државјанин од земјите кои не се членки на ЕУ имаат компании и издаваат документи за отворање седиште во Бугарија. И трета опција, која најчесто се користи е добивање на документи за бугарско потекло-рекол сведокот на БНТ.

Според сведочењето, посредниците обезбедуваат лажни адреси за барателите на пасош.

„Тие користат фиктивни адреси. Сумите се различни за различни региони на Бугарија, и се движат од 50 до 100 евра по лице за адресно регистрирање. Тоа е најмасовно во пограничните региони со Македонија и Србија, во областите Благоевград и Ќустендил“, објаснува соговорникот на БТВ.

Според него, посредникот остварувал контакт со раководниот службеник во „вообичен работен ден“ во реонот на Агенцијата, и тогаш биле предавани сите документи, вклучително и парите. Во Агенцијата се работело и според тарифи за експресна нарачка на пасоши, како и за услуги за странците со муслимански имиња.

Дел од медиумите од регионот пишуваат дека почнува одземањето на нелегално стекнати пасоши но како и на кој начин не е познато. Извесно е дека без бугарскиот пасош во рака може да си останат многу Македонци.

Претходна статијаЖивотната приказна на Душко Тошиќ – Пораснал во дом за да има што да јаде, а сега е милионер
Следна статијаФОТО Сопругата на Бујар Османи се вбројува во најубавите сопруги на наши политичари