ФОТО Сопругата на Бујар Османи се вбројува во најубавите сопруги на наши политичари

0

Бујар Османи, заменик на претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за европски прашања, на неговиот профил на „Фејсбук“ често објавува семејни фотографии.

Османи со сопругата Валбона, инаку дипломиран политиколог, имаат две деца, ќерка и син. Двојката се сврши по помалку од една година врска, пред околу шест години.

,,Со Валбона ми се случи љубов на прв поглед, веднаш знаев дека таа е жената на мојот живот. Затоа и не сакав да чекам многу, и иако бевме во врска помалку од една година, пред неколку дена додека бевме на викенд во Солун ја запросив.

Имаме големо разбирање и љубов, а ако даде Господ планираме многу деца, тие се круна на секој брак според мене’’ – ни изјави тогаш Османи. Во тоа време, тој беше портпарол на ДУИ и работеше како доктор на клиниката за дигестивна хирургија.

Неколку месеци по свршувачката направија голема свадбена забава во хотелот ,,Њу стар’’ во Скопје.

Валбона, која што е дипломиран политиколог и Бујар имаат две деца, ќерка и син.

И покрај тоа е доста интересна за јавноста и се вбројува во најубавите сопруги на наши политичари, таа не сака да се експонира пред јавноста и важи за доста скромна личност, посветена на семејството.

Претходна статијаМногу Македонци може да останат без бугарски патни исправи – Започна одземањето на нелегално стекнати пасоши
Следна статијаОвој викенд конечно среќата ќе им се насмевне на овие хороскопски знаци