Мајка сум на три деца, денес повторно ме избркаа од Водовод, немам човек за да ми помогне

0

Активистката Мери Николова, на својот профил на социјалните мрежи, објави порака која и ја испратила во инбокс мајка на три дечиња, која по втор пат останала без средства за егзистенција, откако не и бил продолжен договорот во Водовод, кој траел четири месеци:

-Зарем немате жал за вакви луѓе. Кирац е фалбаџија. тој е моќен и главен кадровик во СДСМ. Сега нека го вработи човекот. Кога можете од прво до пето колено, зошто за обични смртници нема место во оваа скапана држава. Една од многуте пораки кои пристигнуват секојдневно. Ви ја проследувам јавно.

“Мери одамна сме пријатели на фб сакам да споделам нешто со тебе. Имам 30год за првпат се вработив во водовод пред 10год.работев 2.5год.под договор и се смени власта дојде вмро ме избркаа после толку време.

Десет години, ме вратија пак, договорот ми беше на 4 месеци, денес ми заврши не ми продолжија, пак ме оставија ни на небо ни на земја среде зима. Имам 3 деца фамилија која ранам само јас сакам да те замолам за помош, немам човек за да ме вратат, мозеш ли да помогнеш фала однапред за било што.”

Фото: Илустрација

Претходна статија(ФОТО) Стојанче Ангелов: Еден од најдобрите светски бодибилдери ме поучи како да се справам со интелектуалците во Македонија
Следна статијаДевојчето со кибритчиња – приказната од нашето детство