Секоја година, на денешен ден, Св. Никола веќе 23 години по ред го прославувам овој празник, го славам овој светец по кого го носам моето име.
Денот кој беше карактеристичен по голема дружба, веселба, храна, пиење, забава од зори до доцните вечерни часови. Веќе се прашувате зошто го напишав во минато време, а и има зошто. Не дека и годинава не го славам, но далеку е тоа од она вистинското.
Се си беше супер и нормално до некои мои 18, 19 години, додека сите бевме средношколци и тинејџери. Именденот го славев на големо и на широко, со музика, со веселба, со друштво од десетина другарчиња, плсу мои роди и пријатели. Ден кој со душа го чекав да дојде, ден кој ме исполнуваше, ме правеше весел и радосен.
Но сето тоа од година во година, тој дух и се околу него се губеше и губеше, за да годинава кулминира. Од веселото и големо друштво речиси не остана ништо, не дека сум се скарал или не живеа со другарите, проблемот е друго. Ех таа пуста туѓина, ех таа дијаспора.
Безмалку сите мои другарчиња, па и они Мики и Жаре кои „глумеа“ патриоти ете ги веќе три месеци во Италија како работата. Од цело друштво останавме само јас и уште Даре и Пепи кои сакат да бидат „академски“ граѓани и ете ги на факултет.
Но што е со Саше и Лазе кои откако завршивме средно веднаш се спакуваа и заминаа за Шведска. По една година им се придружи и Аце. Се запишаа факултет Младен и Филип, заминаа за САД и еве ги три години како се немат вратено. Минатата година карта во еден правец, иселеничка виза за Австралија доби и Кире, па веднаш „фати магла“.
Како тргнало, да ви кажам право следниот Св. Никола се чини и јас ќе го прославам од дијаспора, далеку од мојот дом.
Забрането копирање и превзимање од други сајтови и медиуми.