Горивата поефтинуваат – Нова цена на бензините во Македонија

0

Во Македонија корекција на малопродажните цени на нафтените деривати ќе се изврши во понеделник, а доколку нема некои посериозни ценовни шокови, за очекување е горивата да поевтинат.

Со последната промена пред две недели, бензините поевтинија за 4 денари, а дизелот за 3,5 денари.

Намалувањето на цените следи по скокот на почетокот од неделата кога еден барел ја надмина границата од 62 долари.

Во Македонија корекција на малопродажните цени на нафтените деривати ќе се изврши во понеделник, а доколку нема некои посериозни ценовни шокови, за очекување е горивата да поевтинат.

Просекот за претходните две недели кој на 26 ноември го пресмета Регулаторната комисија за енергетика изнесува 63,74 долари за барел. Тоа се над 5 долари повеќе од денешната цена и извесно е дека просекот за претходните две недели ќе биде на пониско ниво, особено ако се има предвид дека во ниту еден ден од тргувањето минатите две недели ова ниво не беше достигнато.

Во вакви услови за очекување е намалување на цената на нафтените деривати за не помалку од 2 денари по литар.

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, ЕУРОСУПЕР БС 95 се точи за 63, ЕУРОСУПЕР БС 98 за 65 а Дизелот за 61 денар по литар.

Кои ќе бидат новите цени Регулаторна ќе соопшти утре напаладне.

Претходна статијаОвие хороскопски знаци ќе бидат многу среќни неделава
Следна статијаСезоната на Јарецот ќе биде најлошата досега за овие хороскопски знаци