Гордана од Велес: Се лекував во ГАК Скопје и верувајте се чуствував како во приватна болница

0

Се случуваат ли промени во државното здравство или само постојат поединечни случаи кога лекарите и медицинскиот персонал навистина работат во интерес на пациентите. Оваа јавна благодарност на Велешанка која се однесува на здравствен тим на Уролошко- гинеколошкиот оддел при Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство-Скопје покажува дека и да се малубројни во здравствената фела сепак постојат професионалци кои почитувајќи ја Хипократовата заклетва не прават статусни разлики и не ги бираат пациентите по веросисповед и националност.

„Почитувани граѓани на Македонија, многу пати читам колумни, кои се критички настроени кон скоро сите области од секојдневниот живот на граѓаните. Претежно со право граѓаните пишуваат за проблеми со кои се соочуваат во јавните, локални или национални институции.

Од она што јас сум го прочитала мислам дека најкритикувано е јавното здравство. И јас бев една граѓанка која се до неодамна имаше што да напише и да критикува кога се во прашање услуги кои треба да ги добијам но, не на начин како што ми ги испорачуваа луѓето облечени во бели мантили.

Животот не знаеме кога ке не изненади и затоа имаме навика да кажеме „што ке дојде нека мине со лесно„ Но, како граѓани со изградена јавна свест и пред се критериум да направат разлика помеѓу вистинска и лажна вест или со доблест да критикуваат но и да пофалат кога треба сакам да упатам ЈАВНА БЛАГОДАРНОСТ кон професионалците во фелата која носи бели мантили, работи според Хипократовата заклетва и е пример за хуманост, за грижа кон пациентите во Република Македонија.

Јас пациентката Гордана Јовева сакам да соопштам дека додека се лекував благодарејќи на тимот на при Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство-Скопје предводен од Асс др Сашо Стојчевски, шеф на одделот, каде главна сестра е Данчe Стојкова и медицинските сестри заедно со помошниот персонал направија да се почувствувам прво како човек, второ како пациент кој во јавно здравствена установа се чувствуваше како да се лекува во приватна клиника користејќи услови како што се навремена, квалитетна и професионална здравствена услуга во чиста и уредена болничка соба со ,телевизор,, сопствена бања и особено грижа од љубезни професионалци. И не само кон мене пациентката Јовева туку и кон останатите пациентки кои во исто време со мене се лекуваа на оваа клиника.

Сакам да го потенцирам она што го следев секој ден додека се лекував: д-р Стојчевски со посебна грижа и внимание за своите пациенти, следен во чекор од сестра Данче Стојкова, чија насмевка и ведрина на лицето никогаш нема да ги заборавам како и строга кога се во прашање исполнувањата на обврските.

Се ова за што Ви пишувам пријатно ме изненади ,од причина што сум обичен граѓанин кој доби врвна услуга во државна здравствена установа која поседува професионализам,стручност и, љубезност. И не само таму, во Клиниката во Скопје, туку пријатно бев изненадена кога ден по отпустот, дома на сопствениот телефон сестра Лидија ми се јави за да провери и да ме потсети дека особено е значајно да се придржувам кон советите дадени од др Стојчевски и сестра Данче. Така беше со мене но и со останатите пациентки со кои се лекувавме во исто време на овој ој нареден ден, се до првата контрола и не само со мене туку и со останатите пациентки со кои се лекувавме во исто време на овој Оддел.

Тоа мене, нас, на пациентките ни даде потстрек, сила и поголема самодоверба дека се надмине болката па и болеста од која што се лекуваме. По ова мое, поточно наше искуство, јас Гордана Јовева, граѓанка на Република Македонија ,имам надеж дека може и во нашава земја да функционира модерно и професионално јавно здравство само ако се сака и ако се работи професионално. Сметам дека сеуште постојат луѓе кои чесно и професионално си ја вршат својата работа.

Затоа уште еднаш Ви благодарам на сите вам од тимот на Уролошко- гинеколошкиот оддел при Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство-Скопје со вас почитувани Асс д-р Сашо Стојчевски, сестра Данче Стојкова и сите останати членови на тимот, кои сте голема надеж за македонското здравство.

Со почит,
Гордана Јовева, пациентка од Велес“

Извор: ДУМА

Претходна статијаНекои немаат ни основно школо, но заработуваат милиони: Еве за што учеле пејачките пред да станат познати
Следна статијаНикогаш нема да погодите кое е вистинското име на Миле Китиќ