Брат Љубе проговори искрено за својата сопруга Виолета

0

Љубе Бошкоски, познат и како Брат Љубе е македонски политичар и поранешен министер за внатрешни работи. Бошкоски дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1985 година. По дипломирањето работел како приправник во суд, а потоа како правник на Фондот за здравствено осигурување во Ровињ – Хрватска.

Виолета и Љубе Бошкоски се запознале во Скопје каде што тој студирал и каде што живееле и се школувале неговите сестри. Виолета живеела во соседството на неговата најстара сестра и посредувала во нивното запознавање. Љубе бил втора година на Правниот факултет, а таа имала само 17 години.

Нивната средба, дефинитивно, била љубов на прв поглед, иако тогаш, како што во една прилика изјави познатиот политичар, во тоа сè уште мало девојче не ја препознал веднаш жената на својот живот.

– Но девојчето беше навистина храбро и со оглед на тоа што во тоа време, како млад студент, јас не можев да бидам само со една девојка, сето тоа го издржа и стана моја жена. Затоа им велев на синовите дека само девојка која може да ве издржи во младоста, заслужува да биде ваша жена – изјави Бошкоски пред неколку години за „1Е Магазин“.

Претходна статијаМакедонците обожаваат да се кладат: Потрошиле дури 200 милиони евра
Следна статијаМaкедонката Снежана стана позната во Австралија и се омажи за тренерот Сем Вуд