Александра, ќерката на Премиерот Заев зачекори на модна писта (ФОТО)

0

Во едноставен сив фустан и црни чевли, Александра Заева, ќерката на премиерот, беше манекенка на модната ревија за лицата со попреченост. Ревијата втор пат се организира во Струмица и се одржа вчера во хотелот „Вила Парк“. Лани , во улога на менекенка беше сопругата на премиерот, Зорица Заева, која за „Репортер“ тогаш изјави дека без двоумење, веднаш ја прифатила поканата.

Ревијата под мото „Убави сме, свои сме“ ја организира Здружението за помош и поддршка на лица со попреченост „Вера”, испраќајќи порака дека сите сме исти и заслужуваме достоинствен живот и прифаќање и покрај различностите.

На ревијата настапија и оперските пејачи Васил Гарванлиев и Јаворка Витанова, пратеничката Катерина Кузмановска, Перо Костадинов, градоначалникот на Валандово, шефицата на кабинетот на премиерот, Мирјана Јанева, ќерката на премиерот, Александра Заева, спортистите Дени Масев и Зоран Балдовалиев, креаторката Емили Пишева. Со своето појавување се истакна на Љупка Митрова модната блогерка која потекнува од Струмица или уште позната како девојката на Спејко.

Претходна статијаИмав проблем со машкоста, отидов кај еден чичко и истиот ден станав како бик
Следна статијаСнег низ државава – на овие места вее утрово