Золвата гневна на снаата: Ме користиш само за да ти ги чувам децата

0

Кавгите помеѓу снаата и свекрвата се општо позната тема, но интерсна женска дискусија е и односот помеѓу золвата (сестрата на сопругот) и снаата. Во еден од српските женски форуми, во писмо золвата остро ја искритикува снаата поради многу нешта кои ѝ пречат кај неа.

– Никогаш не се јавува на телефон кога сакате да прашате како е внуците. Телефон крева сам на нејзината сестра и на нејзината мајка.

– Ви ги остава внуците да ги шетате секој ден кога ќе се вратите од работа мртва уморна. Јас сум постара од нејзината сестра која има 30 и мора да одмори. Мајка ѝ е десет гопдини помлада од мене но таа единствено што е прави е прошетка со другарките и пиење кафе.

– Материјално ве искористува, секогаш го заборава новчаникот кога ќе излезете со неа и со внуците. По пат, секогаш ви раскажува колку би било убаво овој викенд да се стави зимница, па вие треба да купите намирници од пазар, затоа што таа го нема новчаникот во неа. Секако, таа е многу зафатена па зимницата на крајот ѝ ја правите вие.

– На сето ова, имате брат „будала“ кого жената толку убаво го издресирала и тој нема поим што се случува, а вие му премолчувате за да не правите проблем во семејството.

– Живеете под кирија затоа што сте ѝ го отстапиле станот за да може да ужива, и повторно на секоја средба се жали колку е изморена и не може сѐ да постигне.

Толку сум гневна на неа што понекогаш навечер не спијам, но поради љубовта кон мојот брат молчам додека тој се грижи за својата „принцеза“, вели золвата на крајот на писмото.

Претходна статијаЌерко моја, послушај ме: Не ти треба брендирана облека, ти си бренд
Следна статијаМарија Шерифовиќ искрено: Татко ми Рајко беше коцкар и ни го растури семејството