Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд. Попладне во источните делови врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Локално се очекуа да наврнат над 30 л/м2.
Утринската температура ќе се движи од три до 10, а дневната од седум до 15 степени.
Во Скопје облачно со врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 12 степени.
Во среда врнежите на планините и на повисоките места ќе бидат од снег, но со слаб интензитет. Ќе дува засилен северен ветер што ќе услови значителен пад на температурата во наредните денови.
Врнежи од снег со послаб интензитет во четврток ќе има и на пониските места, кога утринската температура ќе се спушти до -3 степени, а дневната ќе достигне максимални 6.
Во петок насекаде се очекуваат ниски утрински температури, на места до -7 степени Целзиусови, додека дневната ќе се движи во интервал од 2 до 7 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Во петок се очекува разведрување.