Исповед на куќната помошничка на Брена: Да не беше она, моите деца немаше да завршат факултет

0

Брена е ѕвезда на сите генерации, уште одамна на своите концерти се симнуваше со хеликоптер, направи видео револуција со скапите видео спотови снимани на егзотични локации ширум светот, прва воведе новитети во поп жанрот, а ја сруши и гледаноста во сите кино сали низ поранешна Југославија со трите делови од филмот „Хајде да се волимо”.

Лепа Брена е првата балканска ѕвезда која во својата 35-годишна кариера ги наполни сите стадиони од регионот и пошироко.

Револтирана од приказните дека Лепа Брена е скржава, поранешната куќна помошничка на балканската фолк дива одлучи да ги појасни деталите за долгогодишниот престој во куќата на пејачката на Бежаниска Коса во Белград.

Околу озборувањата дека Лепа Брена е скржава, куќната помошничка на балканската фолк дива реши да ги појасни деталите за долгогодишниот престој во куќата на пејачката во Белград.

“Верувајте ми, Брена е извонредна жена. Таа се однесуваше кон моето семејство исто како и кон нејзиното”, ја започнуваа приказната за жената за српски „Скандал“.

“Секогаш кога ќе завршев со работата и тргнував да си отидам дома, таа ми даваше храна, овошје, сокови, слатки … Таа никогаш не ме пушташе да си одам дома со празни раце, а тоа нема никаква врска со платата.

За гардеробата и да не говорам. Купуваше палта за мене и за моите ќерки и ни даваше облека за сите прилики”, изјави поранешната домашна помошничка на Лепа Брена.

“Благодарение на неа, моите деца завршија факултети” – заклучи таа, додавајќи дека ќе продолжела да работи кај Брена да не ја стигнале годините и возраста.

Озборувањата за тоа дека Лепа Брена е сркжава добија на интезитет пред две години кога таа и нејзиниот познат сопруг, бившиот тенисер Слободан Живојиновиќ, крстосува со својата јахта низ јадранската ривиера.

Фолк-пејачката уживаше на својата јахта во Опатија, а локалното население и’ се потсмеваше бидејќи јахтата не ја паркира на пристаништето во Опатија, туку во Ријека. Причина: за паркинг во Ријека се плаќа 100 евра, за во Опатија и до 2.000 евра!

„Сега се уверивме дека Брена е навистина скржава како што се зборува. Се закотви тука меѓу бродовите на богатите во Опатија за да ја видат сите, а до вчера беше паркирана во Ријека. Не ми е јасно што глуми“, искоментирал сопственик на една од јахтите за „Курир“.

По овој повод се огласи и пејачката:

„Не заштедив 2.000 евра, туку 12.000 евра! А тоа е голема разлика. Барем за мене… Неколку чифта чевлички“, искоментира Брена.

Претходна статијаЗимата конечно пристигна во Македонија: Очекувајте снег и ниски температури – од петок промена
Следна статија(ФОТО) Смрдливо старо месо се меле за ќебапи – поранешен вработен откри згрозувачки момент