Земјотрес вечерва ја стресе Македонија

0

Земјотрес вечерва ја стресе Македонија.

Земјотресот со јачина од 3 степени ја стресе Грција, а се почувствувал и во Дојран, на 159 километри од Скопје.

Инаку, тлото во Грција не се смирува со денови по силниот потрес на Закинтос.

Засега нема информации за материјални штети.

Земјотрес е, како што кажува самото име, тресење на земјата. Во основа, секоја година се случуваат стотици илјади земјотреси насекаде низ Земјата, но највеќето од нив не ги ни осеќаме бидејќи се во рангот под 3 степен на Рихтеровата скала.

Причинителот на земјотресот може да бидат најразлични фактори, но најчесто се случува поради мрдање на земјините тектонски плочи кои се спојуваат, набиваат или одвојуваат и притоа прават движење на почвата.

Во некои случаи се создава некоја комора во која потоа паѓа дел од некое блиско парче земја и тој пад се пренесува како сеизмички бранови низ копното, плашејќи луѓе на површината и терајќи ги да излегуваат по долна облека низ маало.

Слично може да се случи ако две плочи се судрат, судар кој може да се пренесе на површината. Земјотрес може да предизвика и вулканска активност т.е. лава која пробива низ почвата и предизвикува мрдање на земјата.

Дополнително, земјотрес може да биде причинет и преку човечка активност. На пример, пред кратко време еден склад за оружје во Албанија се запали, а експлозиите се пренесоа дури до половина Македонија. Во Кина пак, во 2008 година поради човечки активности се случил земјотрес од кој загинале 69.227 луѓе!

Претходна статијаМногу пари и невидена среќа за овие хороскопски знаци – Дневен хороскоп
Следна статијаДемонстрантите од пред судот: Претседателе Иванов, запрете го прогонот врз Груевски