„Забранети“ хитови: Песни кои не треба да ги слушате додека возите автомобил

0

Според студијата на британскиот Moneybarn, повеќето хитови кои сите возачи сакаат да ги слушаат додека возат, се опасни. Така во студијата е наведено дека клучни фактори се ритамот и јачината на тонот. Музиката со повеќе од 120 БПМ е вистинска опасност за сообраќајот.

Советуваат дека најдобро е да се смени музиката веднаш штом се вклучи некоја од „опасните“ песни.

Така, меѓу најопасните е Green Day и нивниот хит „American idiot”, следуваат Miley Cyrus, The Killers и други. Од друга страна, околу 30 % од најпопуларните песни се сметаат за „сигурни” , меѓу кои апсолутен победник е Led Zeppelin и Stairway to Heaven.

Со студијата е потврдена и една теорија, која им е позната на сите. Гласната музика го зголемува бројот на отчукувањата на срцето и го скратува времето на реакција.

Топ 5 „најопасни” песни за возење

1. American Idiot – Green Day

2. Party in the U.S.A – Miley Cyrus

3. Mr. Brightside – The Killers

4. Don’t Let Me Down – The Chainsmokers

5. Born to Run – Bruce Springsteen

Претходна статијаРоманка стана баба на 23 години, а сега и нејзиниот 8 годишен внук се свршил
Следна статија(ВИДЕО) Југо какво што од секогаш сте посакувале – оди 230 километри на час