Вучиќ со навреди кон Рама и Харадинај: Тоа не се орли, тоа се кокошки без памет

0

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ гостувајќи во емисијата ОКО на РТС одговарајќи на провокациите на Албанците од Пеќ кога министрите на Владата на Албанија и Косо на челосо Еди Рама и Рамуш Харадинај покажале двоглави орли со рацете.

На прашањето на новинарот дали Албанците ова го прават поради некои внатрешни политички поени или избори, претседателот одговорил:

-Немојте се да толкувате со избори, не би го сториле тие тоа без нечија странска помош. Не би се молчело вака да тоа не е слулчај – рекол Вучиќ.

Кога станува збор за фотографијата на која Албанците покажуваат двоглав орел, Вучиќ истакна:

-Мене тоа повеќе ми личи на кокошка, но…Еве погледнете, навистина личи на кокошка, а не на орел. Мене барем така ми личи, не сакам никој да навредам. За вакво нешто би оделе во Хаг, но што да се прави…

Не сум особено фасциниран, ниту гледам многу памет, ниту многу знаење, ниту многу идеи, а кокошки може да изигрувате кога сакате. Не сум нешто исплашен, освен што сум среќен поради нивната неодговорност – рекол Вучиќ.

Претходна статијаСобранието одлучи: Се бришат долговите од камати за сметки за струја, вода, телефони и кабелска
Следна статијаБлагица Павловска искрено проговори за приватноста и откри дека во љубовта не и цветаат ружи