Вработен на патарина: Малку му е на “Братучедот” за сите неправди кои ги направи

0

-Тој човек направи толку многу неправди на луѓе, па ова што е во притвор е мала казна за него, вака ја почнува својата исповед поранешен вработен на патарина, кој беше притворен во случајот “Змиско око”.

-Работев како одговорен на наплатна станица, кога пред десетина години не уапсија и не стрпаа во притвор. Да не се разбереме погрешно, не ги оправдувам постапките на некои мои колеги за кои имаа снимки и какви-такви докази, но зошто мораше покрај сувото да гори и суровото.

Деновиве Ване Цветанов во една дебатна емисија кажа дека бил присутен на разговор меѓу функционери од минатата власт кои лицитирале со тоа колкумина од нас ќе бидат уапсени и притворени. Им била важна бројката, да бидеме што повеќе, преку сто ако може, за театарот за народот да биде што поинтересен.

-Ми текнува дека уапсија еден наш колега од наплатната станица Сопот, која година дена не работеше, бидејќи автопатот на таа делница се реновираше. Вработените, наши колеги практично одеа на работа за да ја чуваат наплатната. Го уапсија колегата, му ставија лисици на раце и нормално го снимаа.

Кога по неколку часа ја увидоа својата грешка, дека уапсиле недолжен човек, го пуштија. Но! Снимката од неговото апсење, каде е тој со лисици на рацете, со месеци се вртеше на сите наши телевизии. Монструмите не се ни обидоја да ги известат телевизиите дека погрешиле и да им забранат да ја пуштаат таа снимка.

Да не заборавиме како “Големиот Братучед” се смееше кога го апсеа Љубе, како им се ситеше на луѓето. Така да, ова што му се случува не е случајно, кармата или Божјата правда можеби е спора, но секогаш стигнува.

Името и презимето познати на редакцијата

Претходна статијаОгњен Амиџиќ: Искрено се надевам дека нема да си го упропастам син ми
Следна статијаЕва Заева: Јас сум девојка како и сите други