Во кафуле пронашол торба со 50 000 евра и му ја вратил на сопственикот – Не добил ни благодарам ВИДЕО

0

Југослав Чупиќ кој работи како ноќен чувар пронашол торба полна пари и без никакво двоумење се одлучил да ја врати на сопственикот. Човек кој се нашол во оваа ситуација, не можел а да не ја сподели својата приказна со останатите луѓе, па се јавил во една локална телевизија и раскажал се.

Имено се работи за Југослав Чупиќ од Србија, човек кој работи како ноќен чувар во кафе бар, па откако дошол на работа, сакал да провери во каква состојба е локалот, тргнал да провери што има.

Во еден кош тој здогледал торба и ја отворил, со цел да открие за што се работи, да не е некое оружје или дрога, но сепак останал изненаден кога видел полна торба пари.

Откако видел за што се работи ја затворил и ја оставил каде што била.

После неколку часа се појавил некој човек што си ја побарал истата тоба, и се разбира Југослав му ја дал. Човекот откако ги пребројал парите во торбата, во која имало 50.000 евра, се свртел и си заминал, оставајќи го чесниот пронаоѓач без никаква награда.

Погледнете го целото интервју на Југослав, кој открива што точно се случило:

Претходна статијаБорисов донесе конечна одлука – Ова е важно за Македонците кои имаат бугaрски пасоши
Следна статијаФОТО: Македонскиот пејач Угро со емотивна порака се прости од својот татко