ВИДЕО: Избегнат сериозен инцидент на протестот пред Собранието

0

Протестот пред Собранието против уставните измени по речиси два часа заврши. При крајот, за малку беше избегнат инцидент меѓу организаторите – движењето Бојкотирам уставни промени, и дел од присутните на протестот кои се обидуваа да се качат на бината во обид и тие да се обратат пред присутните.

Публикувахте от Христијанско Братство Првенец в Неделя, 18 ноември 2018 г.

Членови и лидери на Христијанско братство и Единствена Македонија, меѓу кои Јанко Бачев, Жарко Гроздановски и Драган Угриновски како и Страшко Олумчев, претседателот на Семакедонскиот национален совет сакаа да држат говор, но редарите и дел од организаторите не им дозволија.

Тие неколку пати се обидуваа да се пробијат низ толпата, но постојано беа спречувани, а за време на обраќањата на Тодор Петров од Светскиот македонски конгрес, актерката Арна Шијак, Солза Грчева и Љупчо Палевски постојано дофрлуваа навредливи коментари и обвинувања особено на сметка на Тодор Петров како еден од главните организатори дека вечерва го поделил народот.

„Ние бараме само една минута да ја кажеме вистината, но овие тука се предавници, и се додека има суети и предавници македонскиот народ ќе биде поделен. Можам да наредам да се качиме и да ја преземеме бината ама нема да го направиме тоа“ порачаа од Христијанското братство.

Претходна статијаНе се занесувајте дека на брод може да заработите којзнае колку – прилепчанец објаснува како е да се работи на брод
Следна статијаСопругот и рекол дека е стара и непривлечна, но нејзиниот одговор го оставила без текст