Весна Петрушевска, познатата македонска актерка, но и водителка во интервју за „Бекстејџ“ откри дека има нов дечко и е посреќна и позаљубена од било кога.
Иако е релативно краток временски период во врска, Весна вели дека конечно успеала да го пронајде вистинскиот и додава дека искрено се надева оти оваа романса ќе потрае.
– Еве ексклузивно ќе ви откријам дека имам партнер, заедно сме многу кратко, но среќна сум и задоволна. Не ви кажувам детали за да не ме урочат, изјавила актерката.