ОТВОРЕНО ПИСМО до Христијан Мицковски:
Дојде време, дојде час, да се слушне Христијане, твојот глас!
Што имаш да кажеш сега за лагите дека власта коалицирала со Сашо Мијалков?
Каде е таа, според тебе криминална коалиција?
Не Мицковски, немало и нема таква коалиција.
Криминалците се во твојата партија!
Не ти поминува обидот за поистоветување.
НЕ СЕ СИТЕ ИСТИ!
Злосторничкото здружение што 12 години ја уништуваше Македонија е во твојата партија!
Арамиите, криминалците и унуштувачите на илјадници судбини се во твојата партија.
Немој уште еднаш да се обидуваш да ставаш знак на равенство, немој! Пак ќе се изгориш.
Не можеш да ги рамниш и поистоветуваш злосторниците од твојата партија, со ниту една партија. Можеш да ги рамниш само со тешки режими или со Хитлер!
А штом ЈА ЛАЖЕШ ЈАВНОСТА ЗА ДА ПОМОГНЕШ НА КРИМИНАЛЦИ И ТИ СИ ТАКОВ! ИЛИ ПАК СЛЕП ПРИКРИВАЧ-ПОМАГАЧ на криминал!
Сега, ако имаш грам достоинство и демократски манири, ќе се извиниш и ЌЕ СИ ДАДЕШ ОСТАВКА!
Очајно е твоето слугување на монструмот Груевски, кој што ја уништи Македонија и целиот правен поредок!
Груевски уништи илјадници судбини, а сега глуми жртва во Унгарија.
Но ТИ Христијане.
ТИ!
Ти си соучесник во сите злосторства!
Ти го браниш јавно! А којзнае што си правел и правиш тајно!
Во Кривичниот законик има кривични дела кои се викаат “ПРИКРИВАЊЕ” или пак “ПОМАГАЊЕ”.
Дали си свесен Хрисријане што направи и што правиш?
Се што кажа излажа до сега.
А мисли му ја Христијане, ако си влегол во одредени шеми.
ПРАВДАТА ДОАЃА ХРИСТИЈАНЕ!
Ване Цветанов
Жртва на режимот на Груевски, Мијалков, и голем дел од обвинетите злосторници.