Владата на Унгарија од страна на унгарските опозициски партии беше повикана да го уапси и брзо да го екстрадира поранешниот премиер на Македонија и екс лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој побара азил во земјата.
„Јобик“, унгарската националистичка партија, како и левичарските партии „Дијалог“ и Демократската коалција, денеска соопштија дека на Груевски треба да му биде одбиено барањето за азил и да биде екстрадиран во Македонија.
Адам Миркоцки, портпаролот на „Јобик“, ја оквалификува ситуацијата како „невиден скандал“, посочувајќи дека Груевски е „баран криминалец“ од земја, каде нема војна и тој не е гонет врз религиозна или политичка основа.
Ричард Барабаш, портпаролот на „Дијалог“ нагласи дека местото на Груевски е „зад решетки“.