Унгарија донесе одлука за барањето за азил на Груевски

0

Според дел од унгарските медиуми, Канцеларијата за имиграција и азил во Унгарија веќе има донесено одлука за барањето азил на поранешниот македонски премиер Никола Груевски.

Сепак, дали неговото барање е прифатено или не, се уште не се открива во јавноста. Унгарскиот портал 24.ху јавува дека барањето на Груевски за азил е прифатено.

Еден од адвокатите на Никола Груевски, вчера за Топ тема на ваша страна, Еленко Миланов, изјави дека Груевски го исконтактирал и му кажал на кој телефонски број може да го контактира.

Во доцните вечерни часови на 13 ноември, истиот ден кога Груевски се огласи на својот фејсбук профил дека е во Будимпешта и дека ќе бара политички азил, контактирал телефонски со Миланов, а потоа следела и комуникација преку СМС пораки, околу правни прашања.

„Се јави на 13 ноември во доцните вечерни часови. Судечкиот совет е информиран, не само од мене туку од сите во тимот кои сме исконтактирани. Неговиот повик беше по неговата објава.

Потоа имавме уште една комуникација по пораки за овдешнотот судење, за можноста да му биде определан мерка притвор пред да му биде одземен имунитетот. Ме нема контактирано во врска со барањето за азил, бидејќи немаме ние никаква врска со тоа.

Јас му вратив со порака дека е направена повреда пред да му биде определена мерка притвор пред му биде одземен имунитетот. Мислам дека МВР го има бројот на Груевски. Сигурно го имаат и тоа не од мојот телефон туку од еден друг куп информации кои можат да ги обезбедат“, кажа Миланов.

По прес конференција на која македонскиот премиер Зоран Заев го праша поранешниот премиер Груевски, но и државата Унгарија дали Груевски доброволно заминал во Унгарија или можеби бил киднапиран, со соопштение се огласи кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Од кабинетот на Орбан реагираат дека ниту унгарската држава, ниту унгарските власти му помогнале на Никола Груевски.

„Спротивно на претпоставките и на лажните вести кои беа објавени во медиумите, ниту унгарската држава, ниту унгарските власти му помогнале а Никола Груевски да ја напушти Македонија.

Никола Груевски поднесе барање за азил во едно од унгарските претставништва во странство. Од безбедносни причини, унгарските власти овозможија поднесување на барањето и интервјуто на Никола Груевски, кој беше македонски премиер десет години, да се случи во седиштето за Канцеларијата за азил и имиграција во Будимпешта. Канцеларијата за азил и имиграција постапува по барањето за азил согласно унгарскиот закон и во хармонија со меѓународните закони.

Исто така, во согласност со унгарските правни процедури и меѓународната практика додека процедурата не се заврши унгарските власти немаат право да обезбедат дополнителни информации во однос на процедурата за азил. Нагласуваме дека Никола Груевски е во Унгарија легално во согласност со законските одредби кои се однесуваат на процедурата за азил“, стои во соопштението од Кабинетот на премиерот Виктор Орбан.

Претходна статијаВонредна временска прогноза: Доаѓаат пообилни врнежи од дожд
Следна статијаПо Франција, вчера и во Белгија се појавија луѓе во “жолти елеци” кои исто така се судрија со властите