Тоше имал свое тајно место каде што бегал од сѐ

0

На утрешниот концерт посветен на Тоше, во „ВИП Арената“ ќе се промовираат два спота за две до сега необјавени песни од Тоше Проески. Англискиот албум “Secret place” денеска беше промовиран во скопскиот хотел “Парк”.

„Во текот на овие две години имавме макотрпна работа. На албумот има седум сосема нови песни, и три демо верзии“, изјави Андреј Николовски од меѓународната Фондација Тодор Проески.

„Имав блиска соработка со семејството на Тоше. Да беше жив, ќе снимавме уште стотици песни заедно. Тоше пееше на совршен англиски јазик и среќа е што неколку ни останаа уште додека го работевме претходниот албум на англиски на Јамајка, во 2006 година. Песната Secret place ја напиша Тоше. Зборува за тајното место кое Тоше го имаше кога сакаше да избега од сѐ. Тој пееше од срце и од душа- изјави англискиот композитор Енди Рајт кој беше гостин на промоцијата.

Рајт додаде дека се надева оти публиката ќе ужива во новите песни и во обработките на старите: Боже,чувај ја од зло, Игри без граници и Среќна ли си ти.

Претходна статијаФеномен: Има повеќе деца од години – била бремена само 15 пати, но родила 44 деца
Следна статијаСрам за Германија: Секој петти жител тоне во сиромаштија