Феномен: Има повеќе деца од години – била бремена само 15 пати, но родила 44 деца

0

Марјам Набатнази од Уганда веројатно е жената која го држи светскиот рекорд кога станува збор за мајки кои родиле најголем број на деца. Марјам, која има 39 години, досега родила 44 деца. Сепак, 6 од нив се родиле мртви.

Првите четири пати родила близнаци, а потоа имала три бременоста во кои родила петорки, а потоа три бремености со тројки. Потоа уште еднаш имала близнаци, а сите останати бремености и биле со едно дете.

Сите деца се на возраст меѓу пет месеци и 23 години, и сите ги родила по природен пат. Првата бременост ја имала веднаш откако се омажила на само 13 години, со човек кој тогаш имал 43 години, а како што самата рекла, децата ги раѓала во период од година и пол. Како што вели, рано се омажила бидејќи нејзината мајка рано умрела, па како девојче останала сама со својот татко, кој се преженил со првата жена која ја нашол.

Марјам своите деца ги има со истиот маж, својот сопруг, кој по последното породување исчезнал и ја оставил сама да се грижи за децата. Претходно со години ја малтретирал, ја тепал и земал се што имале во куќата, додека за семејството не придонесувал на никаков начин.

Иако неколку пати се обидела да користи контрацептивни средства, се било залудно бидејќи секогаш повторно забременувала, и тоа се поради ретко хормонско пореметување кое го има, а кое се нарекува хиперовулација, поради кое кога забременувала во главно раѓала неколку деца одеднаш.

Марјам сега е сама со своите деца, сама ја кренала куќата и ја опремила, и како што вели, не сака да проси туку вредно работи и учи занаети за да може на децата да им обезбеди образование, облека и храна.

Претходна статијаПо „Фејсбук“, сега на ред и „Твитер“: Струмичанец поради твит доби кривична
Следна статијаТоше имал свое тајно место каде што бегал од сѐ