Сузана Турунџиева: Маленко не е дораснат за улогата на татко

0

Познатата пејачка, водителка и писателка Сузана Турунџиева е новото лице на телевизијата 1ТВ.

Во петочното издание на естрадниот магазин „Ексклузив“ таа го најави своето ново забавно-едукативно шоу кое ќе се емитува секое неделно попладне на оваа фрекфенција.

Турунџиева во интервју за „Ексклузив“ конечно се огласи за пишувањата дека нејзиниот поранешен сопруг Александар Маленко не присуствувал на свадбата на нивното заедничко дете.

– Маленко не беше поканет, затоа што Лора одлучи така. Воопшто не беше ни предмет на дискусија. Не комуницираме. Кога ќе видиш дека некој човек не е дораснат за улогата на родител едноставно немаш ни зошто да комуницираш – порача таа.

Лора Турунџиева и Филип Наунов се верија во август годинава. Сузана со емотивна порака на Фејсбук ѝ ја честита веридбата на ќерката.

Нејзиниот татко Александар Маленко кој од четири брака има пет деца, се огласи дури по неколку недели  и изјави дека тие двајца се совршени еден за друг.

Претходна статијаПоповски: Утре пристигнува Оливија, ќе врне снег и на пониските места
Следна статијаМицкоски изненади вечерва во Гостивар: Повод неговата изјава за бегството на Груевски