„Се што постигнав во животот му должам на татко ми“, откри младата фолкерка
Младата фолкерка Стојне Николова која кариерата ја започна пред неколку години во моментов е една од најбараните и најпопуларни пејачки на домашен терен.
Вели дека е пресреќна поради тоа, но истовремено и е многу жал што нејзиниот покоен татко не може да ги види успесите кои ги постигнала.
Сигурно мојата среќа би била поголема доколку човекот кој е заслужен за досегашниот мој успех може да ја види радоста во моите очи – мојот татко.
Болката и празнината се големи и не можат да се опишат, но јас ќе продолжам понатаму зашто тоа е мојот, а беше и негов сон”, рече Стојне.
Симпатичната струмичанка признава дека нема идоли меѓу домашните повозрасни колеги, но дека исклучително ги цени сечиј напор и труд.
Вели, дека и понатаму ќе ја има и на тезгите, иако сака да се обиде и на домашните фестивали.
За мене се подеднакво значајни и фестивалите и тезгите, затоа што тезгите и покрај тоа што ми се финансиска поткрепа се и место каде што можам да ги истакнам своите вокални квалитети (задоволство ми е да пеам во живо), од друга страна, фестивалите се место за промоција, а и следење на работата на другите колеги, па секако ќе следуваат и настапи на некои од реномираните фестивали кај нас, откри пејачката која неодамна ја видовме на 19. издание на фестивалот „Роса“.
Извор: Убавина и здравје