Стојанче Ангелов: Нивната жртва не беше залудна, тоа се луѓе кои животот го дадоа за државата

0

Стојанче Ангелов беше гостин на дневникот на 1ТВ, а како повод беше на стогодишнината од Првата светска. Ова свое гостување го искористи и да проговори за конфликтот во 2001 години, односно за последните жртви.

-Во заседа во близина на село Требош, колона од единицата за брзи интервенции Лавови се упати да го обезбеди местото каде што се очекуваше да има масовна гробница и да се најдат телата на некои од исчезнатите и убиени Македонци кои беа киднапирани во тој период.

Движејќи се кон местото каде што беше масовната гробница, групата од Лавовите налета на непријателска заседа при што тројца припадници беа убиени. Тие се воедно последните жртви во воениот конфликт од 2001 година. Нека им е вечна славата. Нивната жртва не беше залудна, тоа се луѓе кои загинаа за државата, но ние мораме да гледаме во иднината, да се движиме напред.

Конфликтот е веќе 17 години зад нас, но никогаш не треба да ги заборавиме ниту нив ниту конфликтот, изјави Ангеловски

Претходна статијаЌе ви го стопли срцето: Цели 60 години сопругата сокрила тајна од сопругот
Следна статијаАпсолвентката Ева од Велес: Се договорив за плата од 250 евра, по два дена газдата ми понуди три пати повеќе