Сопругата на Дарко Лазиќ со која се разведува, Ана Севиќ, прима закани по живот.
Од неа се бара да плати долг на Дарко Лазиќ од 30.000 евра, а во спротивно се закануваат дека ќе ја исфрлат од станот заедно со ќеркичката.
Се работи за лихвари и уценувачи од Црна Гора кои знаат дека единствен начин додека Дарко се опорава да си ги земат парите е со изнуда од пејачката.
Ана Севиќ доживеала голема непријатност пред неколку дена, кога пред зградата во која живее и пришле тројца мажи со барање да им го плати долгот на Дарко од 30.000 евра, или после Нова година да се иссели од станот.
Во прашање се лихвари од Црна Гора, на кои, сè уште официјалниот сопруг на Ана, им должи пари веќе една година. Со оглед на тоа дека пред него е долго и тешко закрепнување после сообраќајната несреќа која ја доживеа пред три недели, лихварите се свесни дека единствен начин да си ги наплатат парите е да ги изнудат од Ана.
-Ана ја однела ќерката во градинка, а на враќање ја земала жената која и го средува станот и кога стигнале до влезот им се случила непријатност. Три непознати лица и пришле и ја прашале како е Дарко. Ана дрско им од одговорила мислејќи дека се љубопитни. Меѓутоа лихварите тогаш почнале да викаат на неа: „Немој да се силиш, тој нам ни должи пари!Кој ќе ги врати? Кажи му на братот на Дарко да ни се јави, ако не после Нова година тебе ќе те иселиме од станот“, кажал извор близок на пејачката.
Кога сфатила дека состојбата е сериозна, Севиќ се обидела со смирен тон да разговара со нив, да им објасни дека таа не знае кому и колку тој должи, но и дека тие одамна не живеат заедно. Сепак ништо од тоа што го кажала, не вредело.
Тие рекле дека си ги чекаат парите или нема лесно да се ослободи од нив
Дарко Лазиќ и Ана Севиќ конечно ќе стават точка за четиригодишнион брак, во болницата. Дарко се согласи да ги потпише документите за развод, она што тој избегнуваше да го направи во последните 11 месеци, бидејќи сакаше да ја формализира врската со свршеницата Марина Гагиќ.
– Иако се согласија дека повеќе не можат да живеат заедно, па дури и најдоа нови партнери, Дарко одложуваше секој пат да ги потпише документите за развод.
Тој едноставно не дојде на закажаните состаноци со адвокатите на Ана, иако секој пат редовно го најавуваше своето присуство и го потврдуваше своето доаѓање.
Но,откако ја доживеа сообраќајната незгода и кога ја гледал Марина секој ден во болница, сфатил дека мора да направи радикални промени во својот живот и дека од неговата поранешна сопруга треба и законски да се разведе, така што и обајцата би можеле да продолжат со својот живот“ – изјавил извор за рубриката ВИП на српскиот портал Ало.рс!