Груевски со пулмологот Сузана Арбутина стапи во брак во времето кога беше министер за финансии. Се разделија по неколкугодишна брачна заедница. Многу скоро потоа Груевски стапи во брак со сегашната сопруга Боркица со која има две ќерки.
Јавноста многу малку знае за неа, освен дека е успешна докторка на Клиниката за пулмологија во Скопје.
Во 2014 година, и Арбутина беше меѓу 110-те професори и асистенти, потписници на јавното протестно писмо до тогашниот премиер.
Арбутина е омилена меѓу колегите и пациентите, скромна и многу религиозна. Блиските пријатели за неа велат дека е многу весела и позитивна личност. Таа од време на време може да се види на јавни настани, модни ревии и концерти на познати пејачи.
Извор: Женски магазин