Што се чека – МВР го знае бројот на Никола Груевски во Унгарија

0

Адвокатот на Никола Груевски за дел од предметите во кој тој е обвинет, Еленко Миланов во вечерашното гостување на телевизија Телма откри дека Груевски му се јавил откако објави дека е во Унгарија и потоа уште еднаш комуницирале по СМС пораки.

Миланов рече дека бројот од кој Груевски го контактира е странски број.Груевски го прашал дали Судот имал право да му одреди притвор, иако имунитетот не му е одземен.

„Ви гарантирам дека МВР го има бројот од кој Груевски ми се јави. Верувам дека МВР ги има сите контакти од мојот телефон. А, и верувам дека нашите служби можат да го обезбедат бројот по други канали“ рече Миланов.

Сега се чини на потег се надлежните служби, пред се МВР кои во соработка со нивните колеги од Унгарија би можело многу лесно да го лоцираат поранешниот македонски премиер.

Претходна статијаСрпскиот Претседател Вучиќ ја презентираше точната маршута на Груевски
Следна статијаВучиќ во одбрана на другарот Груевски: Па и Тадиќ купи Мерцедес, па не го апсевме како Никола