Се тресе тлото рано утрово: Земјотрес почувствуван во Скопје

0

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес на 19.11.2018 година во 05 часот и 47 минути регистрирше земјотрес, чиј епицентар се наоѓа 180 km југоисточно од Скопјe, во соседна Република Грција, информираат од Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 4.2, а беше почувствуван од населението во јужните делови од републиката со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Земјотресот не предизвикал материјални штети.

Пред две години имавме земјотрес со јачина од 5,3 степени и се случи на 11 септември во 15.10 часот. Епицентарот тогаш беше на 6 километри источно од Скопје, на длабочина од 4 километри. На овој земјотрес му претходеше еден помал од 4,2 степени истото утро.

По главниот удар за неколку дена Скопјани почувствуваа повеќе од десет афтершокови, од кои најсилен беше оној од 12 септември со јачина од 4 степени.

Последниот посилен земјотрес од низата афтершокови се случи на 4 октомври 2016 година кога се почувствува земјотрес од 3,1 степен од истото епицентрално подрачје.

Претходна статијаМВР има сознанија за соучесници во бегството на Груевски
Следна статијаСе испопсуја меѓу себе: Желбата за себепромоција го уништи синоќешниот митинг