Шведска целосно преминува на шестчасовен работен ден во обид да ја зголеми продуктивноста и да ги направи луѓето посреќни така што повеќе време ќе посветат на семејството и приватниот живот.
Шведските вработени веќе се сретнале со оваа промена чија цел е поголем дел од работата да биде завршен во пократок рок, што ќе им овозможи на луѓето да имаат доволно енергија како би уживале во приватниот живот.
Центрите на јапонскиот произведувач на автомобили Тојота во Гетеборг, вториот најголем град во Шведска, ја направиле оваа промена уште пред 13 години, поради што работниците се посреќни и зголемен е профитот во тој период.И компанијата Филимундус која развива апликации за мобилни уреди, воведе шестчасовен работен ден минатата година.
„Осумчасовниот работен ден не е ефикасен како што некои мислат. Да останете фокусирани на специфична задача во текот на осум часа е голем предизвик“, рекол директорот на Филимундус, Линус Фелд, додавајќи дека на работниците не им е дозволено користење социјални мрежи и состаноците се сведени на минимум.
Шестчасовниот работен ден, според него, ќе обезбеди луѓето да имаат доволно енергија кога ќе го напуштат работното место, што е тешко изводливо со осумчасовен работен ден во кој работниците се исцрпени до таа мера што првиатниот живот голем број вработени го користат за одмор.
Се очекува до крајот на 2018 година владата на Шведска да донесе закон со кој тоа ќе биде законски регулирано. Секако, сатницата со самото тоа ќе биде зголемена за месечната плата да се изедначи со онаа кога се работело 8 часа.
Според порталот Science Alert, лекарите и медицинските сестри во некои болници во Шведска исто така преминале на шестчасовен работен ден, додека еден старечки дом во Гетеборг на почетокот на годинава ја направил таа измена.