Порака до мојата другарка до средно: Вистинските жени не крадат мажи, си имаат свои

0

Секоја жена има пријателки и непријателки. Понекогаш, на виделина излегува вистината дека и пријателките може да бидат непријателки.

Таа беше мојата женска сродна душа. Немаше тајна или проблем кои ги немав споделено со неа.

Заедно бевме од средношколските денови. Повеќе и верував неа, отколку на сопствената сестра. Но, изгледот лаже. Зборовите мили лажат!

Мислев дека светот ќе ми се распадне кога дознав дека мојот сопруг од сите жени на светов ме изневерува со неа!

Па, драга поранешна пријателке, имам нешто да ти кажам:

„Тоа што шеташ наоколу со твојата дволичност не те прави човек. Тоа што дрско лажеш те прави беда во моите очи. Тоа што се дрзна во твојата постела да одвлечкаш туѓ маж не те прави жена.

Вистинските жени не крадат мажи, си имаат свои! Жал ми е за сите твои сегашни пријателки.

Да знаат бар дека има шанси да ги заведеш и нивните мажи во кревет би ти ја искубале и онака искубаната коса!

Ти само продолжи така, а јас ќе останам да се чудам како ќе им објасниш на твоите деца зошто нивниот татко те остави…

Ќе им кажеш ли дека те остави затоа што додека тој се бореше да обезбеди иднина за своите деца, ти се гушкаше со други мажи? Ќа им кажеш ли?“

Претходна статијаГерманци доаѓаат во Македонија: Ве обучуваат и ве носат кај нив на работа
Следна статијаВчера гатач од Пожаревац бил кај Лазиќ во посета – денес Дарко излезе од болница