По „Фејсбук“, сега на ред и „Твитер“: Струмичанец поради твит доби кривична

0

Секторот за внатрешни работи Струмица во координација со Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи, до надлежното јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против И.С.(41) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурност“ и „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

На социјалната мрежа Твитер на 19.10.2018 во 09:20 часот, споделил расистичка и кснефобична содржина наменета за лицето С.А.. И.С. бил повикан на службен разговор во СВР Струмица, каде појаснил дека Твитер профилот на кој е споделена објавата е негов и дека тој е автор на објавата.

Ова е уште еден доказ дека МВР будно ги следи и случувањата на социјалните медиуми откако во изминатиот период поради објави на „Фејсбук“ подели низа кривични пријави.

Претходна статијаПетмина гостиварци ја „затворија“ обложувалницата Моцарт – фатија 126 илјади евра
Следна статијаФеномен: Има повеќе деца од години – била бремена само 15 пати, но родила 44 деца