По Дарко Лазиќ, уште една ѕвезда на „Гранд“ со сообраќајна несреќа

0

Ѕвездата на Гранд, Тамара Милутиновиќ доживеала сообраќајна несреќа. Ова доаѓа по само две седмици откако по сообраќајка беше тешко повреден Дарко Лазиќ кој се уште е во болница

За среќа, Тамара поминала без посериозни проблеми, па таа дури и по немилиот настан се пошегувала на своја сметка и докажала дека не и пречат шегите кои по интернетот кружат за неа.

-Ми се случи сообраќајна несреќа. Човек ме удри на раскрсница. Јас излегов од автомобилот со ова овошје на глава во црвен фустан и ми пријде една жена целата исплашена па ме праша:

„Дали си добро, да не ти фали некоја банана?“, изјави Тамара за тамошните српски медиуми. Инаку кога сме кај Милутиновиќ вреди да се потенцира дека таа е поранешна членка на групата „Ѓаволици“.

Претходна статијаВлатко Стефановски емотивно се отвори: Се обидувам преку музиката да се спасам
Следна статијаЗатвореници од Шутка му порачаа на Груевски дека го чекаат, но од фотките кои ги испратија навираат солзи