Откако станав татко, сфатив колку прекрасна мајка има моето дете

0

Да се биде татко е една прекрасна работа. Не знам дали ќе ги најдам вистиснките зборови и фрази за да го објаснам тоа.

Откако станав татко, сфатив колку многу може моето срце да сака!

Откако станав татко, сфатив колку прекрасна мајка има моето дете!

Дознав дека играњето со моето малечко е поинтересна ситуација отколку пиво со другарите.

Открив колку волшебен е мојот ден. Денешниов и секој следен!

Одново учам зошто небото е сино и тревата зелена.

Одново ја учам азбуката и согледувам колку прекрасни зборови имало во мојот јазик.

Сфатив дека можам планетата да ја превртам наопаку за доброто на моето малечко.

Открив колку многу значи една прегратка.

И дека најмалите рачиња кои ги знам за мене се најголемите и најважните!

Извор: Убаво

Претходна статијаПокачување на плата и нова љубов – Ова им го носи декември само на овие два хороскопи
Следна статијаКолку повеќе трошиш пари на сопругата, толку побогат и посреќен стануваш!