Орбан: Јас можам само да му честитам на Груевски и да му посакувам многу успеси

0

Последната официјална посета и средба, Никола Груевски и Виктор Орбан ја имаа минатата година во септември во Охрид.

Тогаш премиерот на Унгарија имаше само пофални зборови за тогашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

„Многу ни е драго што и господинот Груевски по претходните парламентарни избори реши да остане, од позиција на опозиција да и служи на сопствената татковина и јас можам само да му честитам за тоа и му посакувам многу успеси“, изјави Орбан и додаде дека иако не може да се меша во изборна кампања во Македонија, сака да им порача на граѓаните на Република Македонија, дека „таа е една многу важна држава и затоа изборите тука се воедно и европски избори“.

За потсетување, во февруари годинава, актуелниот Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ д-р Христијан Мицкоски, придружуван од потпретседателот Александар Николоски, оствариа средба со Премиерот на Република Унгарија и лидер на владејачката партија ФИДЕЗ, г-дин Виктор Орбан, кој беше придружуван од министерот Антал Роган.

Претходна статијаПорака до нашите во Дијаспората: Знам дека рмбате таму, ама престанете да ни љубоморите
Следна статијаЈанкуловска: Се наоѓам во Македонија и на крај памет не ми паднало да бегам