Ја напуштив сопругата после 4 години брак бидејќи не можеше да остане бремена, не беше во можност да ми роди наследници. Моите родители се многу богати и од големо значење за сите нас е да имам барем еден син. Па така, во мојата одлука за да се разведам имав голема поддршка од моите родители.
Искрено, многу ја сакав, ама ете едноставно немав друго решение.
Таа откако си замина, за брзо време најде нов партнер. Многу е убава и едноставно не и беше тоа проблем. За кратко време се омажи за него и отиде да живее во Шведска. Две години ја немав видено и ништо не слушнав за неа. Вчера ја сретнав во град, заедно со нејзиниот сопруг како туркаат две бебешки колици. Му родила близнаци, а искрено кога ги видов, се видов себе си од фотографиите кога бев дете.
Низ глава ми помина дека можеби била бремена во моментот кога ја напуштив. Таа тогаш беше многу горда. Ја крена главата и како да прегази низ мене. Како воопшто да не сум постоел во нејзиниот живот.
Бевме четири години во врска и четири во брак. Беа тоа убави години.
Сега сакам пак да е моја. Тие деца навистина да се мои… Но, знам дека е невозможно…