Мицкоски проговори на албански, па призна: Разбирам, нема ништо лошо во тоа

0

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва беше гостин на телевизија Алсат М каде даде интервју.

Водителката му ги поставуваше прашањата на албански јазик, а тој имаше превод и потоа одговараше на македонски јазик.

Интересен момен се случи при едно објаснување од водителката, тој и возврати со „по“, што на албански значи „да“. По ова, водителката го праша дали знае албански.

-Разбирам да. Нема ништо лошо во тоа. Познавањето на различни јазици може да ве направи само подобар човек, одговори Мицкоски.

Претходна статија„Земете ми ги сите пари, јас само ја бранев мојата чест, семејството и религијата“
Следна статијаНоември ни носи вистинска зима: Нагло заладување и температури до минус 10