Ми беше најдобар пријател, идол и ми остави аманет да не бегам од корените: Искрено со синот на Војо Стојаноски

0

Растеше со народната музика и природно ја чувствува и ја интерпретира. Дамјан Стојаноски, синот на легендарниот Војо Стојаноски, направи сериозен пробив на домашната фолк-сцена.

Тој ја сними својата прва песна на 17 години и заеднички ја отпеа со Војо на фестивалот ,,Гоце Фест’’. Од пред три години активно се занимава со музика, има редовни настапи, снима песни и спотови.

,,Продолжувам во духот на македонската народна песна и ќе го негувам тој мелос. Знам дека татко ми би бил горд на мене и тоа ми е дополнителен мотив да се посветам со уште поголема страст на музиката’’- раскажа за ,,Фокус’’ минатиот месец.

За неговиот татко кој почина на 6 мај 2014 година, на само 20 дена пред неговата матура, пред неколку месеци за „Женски Магазин“ зборуваше во суперлативи.

– Ми беше најдобар пријател, ментор и идол. Неговите дела никогаш нема да бидат заборавени. Во иднина сакам да препеам дел од неговиот богат репертоар. Татко ми сними многу убави песни, но некои поминаа понезабележително, па планирам да ги оживеам – ни откри тој.

Војо Стојаноски остави голема трага во македонската народна музика. Дамјан вели дека бил одличен родител.

-Секогаш ме советуваше да се надградувам, но да не бегам од коренот. Мислеше дека ќе може да даде уште многу во музиката и планираше солистички концерт. За жал, не успеа да ги реализира тие идеи – ни раскажа пејачот.

Дамјан студира на Факултетот за музичка уметност во класата на Горан Нацевски на отсек-соло пеење. Вели дека воопшто немал дилема која професија да ја одбере бидејќи отсекогаш ја сакал музиката. Фолк-ѕвездите го знаат од дете, но сега го прифаќаат како нивен колега.

Извор: Женски магазин

Претходна статијаВработена во бутик: Те плаќа минимално и истовремено те снима со камери
Следна статијаДарко Лазиќ не престанува да плаче: Има само една желба голема